Француската компанија “Пиксиум визион”, разви системи за обновување на видот, и соопшти дека е извршено првото успешно пресадување на вештачка ретина “Ирис 2”, соопшти Франс прес.
Специјалистите од фирмата се надеваат дека нивниот производ ќе биде ставен на европскиот пазар во средината на 2016 година.
Вештачката ретина е опремена со 150 електроди, три пати повеќе од прототипот “Ирис 1”.
Таа го стимулира вештачки недостатокот на ретина и е наменета за пациенти кои го изгубиле видот поради пигментен ретинит – болест која поразува меѓу 20 и 40 илјади лица во Франција.
Пресадувањето било спроведено врз 58-годишен пациент под раководство на проф. Мишел Вебер од офталмолошки тим на специјализираната болница во Нант. Пациентот бил во добра здравствена положба.
Претстојат уште околу десет графтови на “Ирис 2” во различни специјализирани европски очни центри.