Порака до човештвото од која крвта се замрзнува | Горилата Коко се обратила до светот на знаковен јазик! Видео

2014

На неодамнешниот состанок на светските лидери во Париз, каде што тие се обиделе да пронајдат заеднички јазик во однос на прашањето за решавање на климатските проблеми, многумина од нив зборувале со страст и убедување, но пораката на познатиот член на еден друг вид во моментов го привлекува вниманието на јавноста, пренесува IFL Science. Горилата Коко го обзнани своето мислење за климатските промени со знаковен јазик кој го учи од својата прва година.

Коко е родена во зоолошката градина во Сан Франциско во 1971 година, а совладувајќи го знаковниот јазик успеала да формира речник со исто темпо како што тоа би го направило дете со тешкотии во учењето. Во текот на изминатите 45 години Коко станала глобална сензација, неодамна појавувајќи се во видеото во кое посвојува пар мачиња, кои преку знаковен јазик успеала да ги идентификува како мачки и како младенчиња.

Сега е Коко, како дел од кампањата на француската организација Noe Conservation, снимена како им испраќа порака на луѓето од целиот свет, охрабрувајќи ги да станат свесни за својата одговорност за заштита на планетава. Во видеото Коко изгледа го нарекува човештвото глупаво заради тоа што ја игнорира оваа обврска, а во која се наведува дека “Земјата Коко ја сака”.

Според Горила фондацијата, Коко знае повеќе од 1.100 различни знаци, иако многу од нив се прилагодени со оглед на тоа дека таа не може да направи некои комплексни движења на рацете, кои луѓето можат. Покрај тоа, треба да се напомене дека не е сигурно дали Коко ги разбира навистина напредните концепти за кои станува збор во видеото.