Зошто Јосип Броз Тито го нервирал Фидел Кастро? Видео

3282

Јосип Броз Тито, наводно, премногу го нервирал Фидел Кастро.

На Кастро, наводно, му пречел Титовиот раскошен и хедонистички начин на живот. Додека тој со начинот на облекување покажувал скромност и солидарност со работниците и селаните, Тито редовно носел скапи костуми и уживал во скапа храна и пијалок, што Кастро никако не можел да го сфати.

Уште една страст ги спојувала – ниту еден од нив не можел да им одолее на убавите жени.

Двајцата државници се сретнале во 1959 година. Кастро во 1976 година бил на островите Бриони, а Тито, три години подоцна во Куба.

На Бриони, Фидел пристигнал на Титовата јахта “Подгора” и престојувал во вилата Бријунка.

Во август 1979 година, Тито пристигнал во Хавана за да учествува на самитот на Движењето на неврзаните. Тоа била нивната трета средба.

Кастро тогаш побарал приближување на неврзаните земји на источниот блок, што Тито жестоко го одбил. Многумина денес веруваат дека тој “спор” помеѓу нив двајца бил исцениран за Тито да ја добие поддршката од Вашингтон, а Кастро од Москва.

Сепак, Фидел Кастро бил еден од ретките државници кои не дошле на погребот на Јосип Броз Тито.