Не ја знаел адресата, па нацртал мапа – и писмото стасало кај вистинскиот човек

204

Кога некој одлично си ја знае работата, ниту една пречка не може да му застане на патот на извршување на задачата, како што е случајот со овој поштар во западен Исланд.

Писмото кое било адресирано до фарма во областа Hvammssveit, всушност не содржело адреса, туку нацртана мапа каде што живее примачот.

На пликото ја пишувало земјата, името на селцето и следниот опис:

„Фарма со коњи на исландско-данска двојка со три деца и многу овци“.

За подобро појаснување, во долниот десен агол испраќачот напишал дека жената работи во супермаркет во Búðardalur.

Писмото со мапа наместо адреса стана вистинска сензација, потсетувајќи нè колку нештата се поедноставни и колку многу луѓето се поблиски во помалите места.

Погледнете како изгледа славното писмо со мапа наместо адреса: