Стрелците се најголеми егоисти меѓу хороскопските знаци

167

Многумина пред да го прочитаат овој текст на памет прво ќе им падне дека станува збор за овен или лав. Но, грешите, на прво место по критериум себичност се стрелците. Еве зошто:

Стрелецот секогаш сам себе си си е на прво место. Ќе ви се заколнат на вечна љубов и посветеност, но припадниците на овој знак, постојано ќе гледаат што е она што ним им одговара и како ситуацијата да ја свртат во сопствена корист.

Ако направите грешка, очекувајте дека ќе „ви соли памет“, но никако немојте да се обидувате да го направите истото во обратна ситуација, бидејќи Стрелецот тоа ќе го доживее како една од најдлабоките емоционални навреди и што е најтрагично, многу тешко ќе ви го заборави.