Ви ги откриваме петте работи што му се важни на секој маж за време на љубовната игра, според тврдењата на сексолозите.
1. Иницијативата
За мажите ништо не е посекси од жена што се чувствува добро во својата кожа – тоа е тајната што ги привлекува, заедно со опуштеноста и слободата. Тие обожаваат кога жената е возбудена и спремна да преземе иницијатива, да даде некој нов предлог и да ја разбуди страста повеќе од кога било порано. Мажите обожаваат жени што знаат што сакаат, како во креветот, така и надвор од него.
2. Движењата
Движењата неретко се едни од најмоќните оружја на секоја жена, започнувајќи од начинот на одење и мимиките, па сè до движењата во текот на самиот секс. Голото женско тело само по себе ги возбудува момците, но ако е проследено со заводливи и сензуални движења, тогаш тие ја губат својата глава. Па, ако го прегрнувате, галите, чешкате, лулкате и бакнувате, тој засекогаш ќе биде ваш.
3. Погледите
Ас во ракав? Дефинитивно погледот што предизвикува страст. Задржувањето контакт со очите за време на бакнувањето и сексот е едно од најголемите уживања. Тоа ја подигнува самодовербата и го зголемува задоволството, па затоа е и еден од најлесните и најбрзите начини да ја загреете атмосферата во спалната соба.
4. Воздишките
Гласните воздишки можат да ослободат сексуален набој и енергија во текот на најстрасниот чин, но и да го насочат вашиот партнер кон оние нешта во кои најмногу уживате и да му дадат до знаење кога оргазмот е во близина. Тој ги доживува воздишките како знак дека ве задоволува, па тоа дополнително го возбудува.
5. Трудот
Ако се трудите да го задоволите, тој нема да го пропушти тоа. Секој маж барем на момент сака да се почувствува како крал во креветот, па вашето внимание кон него може да доведе до поинтензивен сексуален однос и поголемо задоволство одошто сте мислеле дека е можно.