Кинеските научници успеале да произведат кислород и ракетно гориво од неочекуван извор | Фото/Видео

551
Месечевата почва собрана од кинеската мисија на месечината Chang'e-5 за време на изложбата во Националниот музеј на Кина во Пекинг на 4 март 2021 година.

Сега останува на научниците да се уверат дека таков систем навистина може да работи во вселенски услови.

Група научници од Кина објавиле интересен научен труд во кој го опишуваат процесот со кој успеале да претворат примерок од почвата на Месечината во извор на ракетно гориво.

(лево) Фотографија на лунарна почва и (десно) SEM слика на Cu/лунарната почва. Лентата на скалата претставува 20 μm. Science China Press

Како што навеле во трудот објавен во National Science Review, научниците за време на проучувањето на примероците од почвата на Месечината откриле дека е можно да се искористи како катализатор за претворање на јаглерод диоксид и водата од телото на астронаутот и околината во метан и кислород.

Една од предностите може да биде тоа што целиот процес не бара луѓе, туку може да биде автоматизиран.

Фотографија која го прикажува користењето на лунарната почва без екипаж за електрокаталитичка конверзија на CO2.

Иако можеби не изгледа како револуционерно откритие, тоа би можело да биде клучно за идните вселенски патувања бидејќи би овозможило создавање на ракетно гориво за време на самото патување.

  • Користењето на Месечевата почва за создавање ракетно гориво и кислород е клучно за испраќање човечко вселенско летало во мисија за истражување на Месечината, истакна Јуџие Ксионг, водечки автор на трудот. Ако ги земеме предвид ограничените ресурси што вообичаено ги имаме во истражувањето на вселената, предлагаме да се испратат роботски системи кои би можеле да ги направат подготовките за поставување на целиот електрокаталитички систем за претворање на CO2 во гориво.

Сега останува на научниците да се уверат дека таков систем навистина може да работи во вселенски услови.

БОНУС ВИДЕО