Доаѓаат | Пет катастрофи кои Земјата не може да ги избегне | Фото/Видео

2195

Собирајќи географски податоци и причинители на веројатноста, научниците направија прецизен календар за цунами, земјотреси и ерупции кои ќе не погодат многу брзо!

Историјата на Земјата отсекогаш била обликувана со природни катастрофи, на кои, без оглед на својот технолошки напредок, не можеме да влијаеме. Некои области во светот многу почесто се погодени од ваквите настани, а некои од нив можат да убијат илјадници луѓе …

Научниците врз основа на различни геолошки, метеоролошки и други мерења ги предвидуваат следните природни катастрофи кои би можеле да ја погодат Земјата во блиска иднина:

1. Голема соларна бура: Од 2015-2025.

Major Solar Storm

Најголемата природна катастрофа која, најверојатно, ќе ја погоди Земјата не потекнува од нашата планета, туку од сонцето. Тоа има свој циклус на активности, или периоди на намалена и зголемена активност на соларните факли и сончевите пеги, во зависност од циклусот. Најголемата последна активност е забележана во јули 2012 година, по силното коронарно празнење (CME), кое помина низ Земјината орбита и ја погоди STEREO-A вселенската станица. Во текот на овој процес, се исфрлаат облаци со магнетизирана плазма тешки милијарди тони, а таа се однесува како електромагнетен пулс што влијае на електрониката во светот.

Соларната бура содржи соларни факли со високо ниво на УВ зрачење, енергетски честички кои ги уништуваат клучните делови на сателитите и бројните масовни коронарни празнења. Земјата ја одмина оваа катастрофа во 2012 година, но еден научник Пит Рајли по анализата на податоците на соларните бури од изминатите 50 години, смета дека по втор пат нема да имаме толку среќа.

Според неговата анализа, има 12% шанси голема соларна бура да ја погоди Земјата во наредните 50 години, а веројатно е тоа ќе се случи до 2025 година. Таа ќе ги спречи радијата, GPS, сателитските комуникации и милионите електронски уреди по целата планета. Се претпоставува дека ќе предизвикуваат штета од 1 до 2 трилиони долари во првата година по ударот, а за потполна санација ќе биде потребна една цела деценија.

Погледнете како изгледа соларната бура:

2. Голем земјотрес во Калифорнија: Од 2015 до 2045.

Продолжува на страна 2