Научниците од Универзитетот во Лондон во соработка со оние од Универзитетот во Калифорнија, на чело со д-р Стивен Ворд, предвидуваат дека вулканот Cumbre Vieja на Канарските острови ќе еруптира, а на тој начин ќе се создаде најголемиот цунами во историјата на Земјата.
Тие тврдат дека за време на последниот земјотрес во оваа област дошло до пукање на структурата на вулканот, поради што неговата левата страна целосно е нестабилна. Ако се случи ерупција, таа ќе предизвика огромни бранови кои ќе патуваат со брзина од 800 km/h и во рок од неколку часа ќе стаса до брегот на САД, Англија, Карибите …
Погледнете како би изгледало цунамито во Јапонија:
4. Потопување на источниот брег на Соединетите Американски Држави: Од 2050 до 2100.

Ураганот Сенди кој во 2012 година го погоди САД е еден вид на бура која се појавува еднаш во 500 години, а вистинската опасност не доаѓа од такви бури, туку во постепено зголемување на нивото на морето, тврдат научниците од Институтот во Вирџинија. Според сеопфатна студија, нивото на морето по должината на источниот брег на Соединетите Американски Држави, од флоридскиот Ки Вест до канадскиот Њуфаундленд, е во постојано зголемување од 1987 година.
Секоја година морето се крева околу 0,3 милиметри, што е четири пати побрзо од било кое друго место на Земјата. Се претпоставува дека во Њујорк нивото на морето ќе порасне за 79 см до 2050 година, поради што третина од градот ќе биде поплавен, а поплавите покрај градовите ќе го уништат и стопанството …
Погледнете ја репортажата за ова:
5. Ерупција на планината Фуџи 2015–2053.
Продолжува на страна 4


















