Научниците сугерираат дека влијанието на долгорочниот COVID врз секојдневните активности на пациентите е посилно отколку кај пациентите кои претрпеле мозочен удар и дека е споредлив со пациенти со Паркинсонова болест.
Долгорочниот COVID-19 може да влијае на квалитетот на животот на пациентите повеќе од некои видови рак и ист е како и Паркинсоновата болест, сугерира новото истражување.
Истражувањето спроведено од University College London (UCL) и University of Exeter го испитувале влијанието на долгорочниот COVID-19 врз животите на 3.754 лица хоспитализирани поради оваа болест.
Како дел од студијата, од пациентите е побарано да одговорат на прашања во апликацијата за тоа колку долго COVID-19 влијае на нивниот секојдневен живот и да дадат оценка од 0 до 40 за да ја покажат сериозноста на состојбата.
Утврдено е дека просечните резултати за замор се слични или полоши отколку кај пациентите со анемија поврзана со рак или тешка бубрежна болест, а резултатите за квалитетот на животот исто така биле пониски од оние со напреднат карцином.
Научниците сугерираат дека влијанието на долгорочниот COVID врз секојдневните активности на пациентите е посилно отколку кај пациентите кои претрпеле мозочен удар и споредлив е со пациентите со Паркинсонова болест.
За долгорочен COVID, луѓето мора да имаат континуирани симптоми 12 недели по акутната инфекција со коронавирус.
Според NHS, Националната здравствена служба на Обединетото Кралство, главните показатели за продолжен COVID-19 се екстремен замор, отежнато дишење, губење на чувството за мирис и болки во мускулите.
Д-р. Henry Goodfellow од Institute of Epidemiology and Health на UCL, еден од водачите на студијата, изјавил дека влијанието сè уште не е целосно разбрано.
Нашите резултати откриле дека продолжениот COVID има разорно влијание врз животите на пациентите, со заморот како најголемо влијание на сè, од социјалните активности до работата, обврските и одржувањето блиски односи, потврдил тој.
Научниците исто така изјавиле дека долгорочниот COVID може да има „значително економско и социјално влијание“.
Од анкетираните во студијата, 94 отсто биле на „работна возраст“ (помеѓу 18 и 65 години), од кои 51 отсто изјавиле дека не биле способни да работат барем еден ден во изминатиот месец.
Се надеваме дека подоброто разбирање на симптомите и влијанието на долгорочниот ковид кај овие пациенти ќе им помогне на NHS и креаторите на политиките да фокусираат ограничени ресурси на прилагодување на постоечките услуги и дизајнирање нови за подобро да се задоволат потребите на пациентите со долгорочен COVID-19, изјавил Goodfellow.
Нашите наоди покажуваат дека заморот треба да биде важен фокус на клиничката нега и дизајнот на услугите за рехабилитација, додал тој.
Коавторот, професорот Professor William Henley of the University of Exeter School of Medicine изјавил дека „итно се потребни повеќе истражувања за да се овозможи развој на услуги базирани на докази за поддршка на луѓето кои се обидуваат да се справат со оваа ослабувачка нова состојба“.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.