Лебот често се прогласува за главен виновник за дебелеење.
Ако сте загрижени за вишокот калории што ги внесувате со лебот, експертите открија трик како едноставните јаглехидрати во лебот да ги претворат во поздрави, „резистентни“.
Не мора да се грижите ако јадете парче или две леб дневно, но ако не можете да се откажете од него, можеби ќе ви биде полесно ако примените формула која наводно ќе го намали бројот на калории што ги внесувате со лебот.
Кога купувате или испечете леб, ставете го во замрзнувач!
Зошто?
Бидејќи како готвењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве дебелее, пишува BBC.
Најголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс пребрзо ја ослободува енергијата, па го зголемува нивото на шеќер во крвта.
Сепак, оние кои немаат семејна историја на дијабетес не треба да избегнуваат бел леб, кој идеално се јаде за појадок, бидејќи го забрзува метаболизмот, велат научниците.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















