Иако е јасно дека инфекцијата со коронавирус обезбедува и имунитет, научниците дебатираат колку долго трае таквиот имунитет и колку е силен, како и кои фактори влијаат на него.
Додека научниците со месеци се занимаваат со прашањето за настанатиот имунолошки одговор по инфекција со коронавирусот, Универзитетот за здравствени науки во Орегон (OHSU) спроведе студија која го испитува имунитетот кај поединци кои се заразиле со коронавирус и биле вакцинирани дури по закрепнувањето.
Од почетокот на пандемијата во светот починале околу 5,6 милиони луѓе, а се потрошени околу 9,4 милијарди дози вакцина.
Авторот на студијата, д-р Fikadu Tafesse, објасни дека можноста за повторна инфекција е голема бидејќи вирусот циркулира околу нас во големи количини.
Иако е јасно дека инфекцијата со коронавирус обезбедува имунитет, научниците дебатираат колку долго трае таквиот имунитет и колку е силен, како и за сите фактори кои влијаат на имунитетот со оглед на зголемениот број на повторни инфекции.
“Имунитетот реагира слично”
До денес, научниците собрале податоци од 104 испитаници – целосно вакцинирани кои се заразиле порано, оние кои се заразиле по вакцинацијата и оние кои биле вакцинирани кои никогаш не се заразиле.
Откако биле направени тестови на крвта на сите испитаници, тие го измериле имунолошкиот одговор и заклучиле дека не е важно дали некој ја примил првата вакцина или се инфицирал бидејќи имунолошкиот систем реагира слично.
„Нема разлика, а во секој случај ќе стекнете исклучително силен имунитет“, велат експертите.
Тие исто така тврдат дека хибридниот имунитет е силен без разлика на возраста. Без разлика на „јачината“ на таквиот имунитет, научниците советуваат дека најдобро е да се вакцинирате и да преземете чекори за заштита од вирусот.
„Ние сме во подобра позиција ако се вакцинираме и ако вирусот не нападне, ќе имаме благ облик на болеста и на крајот суперимунитет“, вели д-р Tafesse, додавајќи дека хибридниот имунитет е најдобриот имунитет што може да се стекне.
Исто така, научниците веруваат дека е можно хибридниот имунитет да стави крај на пандемијата бидејќи резултатите од претходната работа сугерираат дека SARS-CoV-2 може да стане ендемична инфекција, како што е сезонска респираторна инфекција, пренесува Ординација.



















