ЕКСТРЕМЕН МЕТОД | Се плашите од пајаци? Еве ако да се ослободите од стравот во 2 минути

149

Се чини дека научниците конечно откриле начин како да ги излечат луѓето од стравот од пајаци. И тоа во само две минути, иако техниката за некој може да изгледа премногу екстремна.

Двајцата експерти веруваат дека можат да им помогнат на луѓето да ја надминат својата арахнофобија, иако нивниот предлог на прв поглед изгледа повеќе како нешто што дополнително ќе ги трауматизира отколку што ќе го реши проблемот.

Сè што треба да направите, според научниците од Одделот за клиничка психологија на Универзитетот во Амстердам, е да бидете заклучени во иста просторија со пајакот.

Звучи повеќе како некоја ужасна казна од филмови како Saw, но научниците веруваат дека 120 секунди изложеност, во комбинација со еднократна доза фармаколошки третман, се доволни за успешно да се потисне стравот.

Научниците Marieke Soeter и Merel Kindt го откриле феноменот откако заклучиле 45 луѓе во иста просторија со терантула. Иако ова звучи тотално страшно, научниците им дале и бета блокатор наречен пропранолол, или плацебо, за да им помогнат во борбата со стресот.

Некои доживеале моментално подобрување, додека други кои го земале лекот по една година забележале дека нивниот страв од пајаци е значително намален.

„Тука за прв пат покажавме како лек кој предизвикува амнезија во врска со реактивирање на меморијата го трансформира избегнувачкото однесување во прифатливо однесување кај луѓето со вистински страв од пајаци. Новиот третман повеќе делува како операција отколку самата терапија. (Учесниците) не можеа да поверуваат! Само зборуваа за тоа! Една дури праша дали може да го држи во рака. Како терапевт, речиси не можев да поверувам!“, велат авторите на студијата.