Отворен час за Мастерклас со Јосуке ИРИЕ (Yosuke IRIE) Видео

469

Амбасадата на Јапонија и Факултетот за музичка уметност – Скопје ја имаат честа да најават Шакухачи Мастерклас со наградуваниот виртуоз за јапонска шакухачи флејта Јосуке ИРИЕ.

19.02.2020 ǁ 14:00 – 14:40 ч.
Факултет за музичка уметност – Скопје

Пријава за учество на contact@sk.mofa.go.jp, краен рок 13.02.2020 г.

Шакухачи е древна флејта од бамбус со која е воведена во Јапонија во VII век, а врвот на својата популарност ја постигнува во периодот на Едо (XVII- VIII век). Шакухачи флејтата се употребувала од монасите на зен будизмот кои ја вметнале во медитацијата, а се користи и во современата музика во изведбите на Duran Duran, Dire Straits, Vangelis, Sade, Enya, Linkin Park, Marshall Jefferson, LTJ Bukem, Juno Reaktor, Future Sound of London и многу други.

Затоа што секое парче бамбус е уникатно, масовното производство на шакухачи е невозможно и занаетчиите минуваат многу време за да го пронајдат парчето со потребната форма и должина. Кога ќе го најдат, бамбусот се чува цела декада во контролирана средина пред да почне да се оформува во флејта за што е потребно уште една година.

*Мастеркласот е бесплатен, но заради ограничен број на места сите заинтересирани треба да си го резервираат своето место до 13.02.2020 г.