СЕКСУАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Татјана Алексиќ

525

“Невозможно е истовремено да сакаш и да бидеш мудар” – Френсис Бекон.

Сепак можно е, ако ја развиваш сексуалната интелигенција низ животот, умееш да го препознаеш своето тајно сексуално битие и водиш автентична љубов со својот партнер.

Сериозноста и сеприсутноста на темата секс, најмалку што треба е да овозможи едукативен пристап и запознавање со сексуалноста од најрана возраст, за да се спречат негативни и непријатни последици кои влијаат врз севкупното психофизичко здравје.

Прво што треба, е да се ослободиме од пречките за здрав сексуален развој, ПОТИСНУВАЊЕ и ОПСЕДНАТОСТА.

Двете крајности го реметат патот кон здравиот секс, молчење и неинформираност за сексот како за нешто срамно, и опседнатоста со сексот, хипереротизација и сквернавење на чинот.

Клуч за стекнување и развивање на сексуална интелигенција е СЕБЕСПОЗНАВАЊЕ, препознавање на нашите автентични потреби, сензации, копнежи и фантазии.

Секој има свој СЕКСУАЛЕН ИДЕНТИТЕТ, тајно сексуално битие кое не е за јавна употреба и рекламирање, личен колку и отпечаток од прст!

Сексуално интелигентните имаат интерперсонална вештина да разговараат со партнерот за своите сексуални фантазии и нема перверзност на заемно задоволство зад заклучена врата.

Сексуално интелигентните напредуваат во секој поглед, додека другите влегуваат во затворениот круг на разочараност, конфликтност, фрустрации, затвореност (а не ретко се преоѓа во сексуална дисфункции и пореметеност).

Сексуално интелигентните не се склони на промискуитетност. Најважниот сексуален орган е МОЗОКОТ!

Соња Р. Јовановска и Татјана Алексиќ

Благодарност до Славјански Универзитет и Соња Р. Јовановска за довербата да поканат една обична учителка да зборува пред студенти и универзитетски професори