Во Јапонија воведена работна недела од 4 дена – резултатите се зачудувачки

1590

Работната етика на Јапонците е една од најизразените во светот, до тој степен што work-life балансот скоро и да не постои.

Но, компанијата “Microsoft” во таа земја излегла од шаблоните за организација на работата и спровела еден вид експеримент – четиридневна работна недела. Резултатите биле зачудувачки: вработените изразиле поголемо чувство на задоволство и среќа, а продуктивноста им се зголемила за 40%.

Иако принципот на работа со скратена работна недела долго време успешно се применува во многу стартап и помали компании, јапонскиот Microsoft докажал дека е можно и во голема компанија. Во текот на месец август годинава, во сите преставништва на “Microsoft” во Јапонија бил воведен “Work Life Choice Challenge”, кој подразбирал и петокот да е слободен ден. Вработените ја примиле истата плата како и пред тоа.

Оваа мини реформа во работата била наменета да создаде атмосфера во која секој вработен ќе работи пократко, ќе има соодветно време за одмор и за учење за понатамошно подобрување на продуктивноста и креативноста.

Се разбира, зад овие ПР зборови на разумност лежи свеста на лидерите на компаниите за неодржливото капиталистичко работно време, што честопати подразбира огромен број прекувремени часови, а следствено на тоа и пад на продуктивноста на вработените.

View this post on Instagram

@Microsoft tested 4-day work week for some employees. The results were a surprise. ▪️Microsoft Japan(@microsoftjapan) closed its offices every Friday in August. ▪️Microsoft also restricted meetings to a maximum of 30 minutes. ▪️In a country notorious for overwork, Microsoft Japan trialled a radical idea: working less. And it found that four-day weeks and other reforms both boosted sales and cut costs. ▪️The Japanese unit of the US IT giant closed its offices every Friday in August, giving all 2,300 full-time workers special leave. ▪️It also restricted meetings to a maximum of 30 minutes, and encouraged online chats as an alternative to face-to-face communications. . #nextbigbrand #microsoft #japan #japanese #microsoftjapan #microsoftlife #techupdates #japanmarket #japanbusiness #marketupdate #businessnews #globalnews

A post shared by Next Big Brand (@nextbigbrandnbb) on

Така, овој едномесечен тест од четири работни дена во неделата се покажа како ефикасен: продуктивноста на вработените бил за 40% поголема отколку во претходниот период. Но, ова не било единственото подобрување – употребата на електрична енергија била намалена за 23%, 59% помалку хартија се користела за печатење, а паузите за време на работното време се намалиле за 25%. Исто така, 92% од 2.280 вработени изразиле позитивен впечаток за скратената работна недела.

Бројот на работни денови не била единствената ставка на тестот – “Microsoft” ја тестирал и ефикасноста на работните состаноци, односно нивното намалување. Вработените биле охрабрени да комуницираат почесто преку мрежни апликации отколку во живо, а задолжителните состаноци не траеле повеќе од половина час.

Проблемот со прекувремената работа во Јапонија кај вработените создава проблеми со менталното здравје, што ги доведува до самоубиство. Постои дури и термин на јапонски јазик, karoshi, што се однесува на смртни случаи предизвикани од прекумерна работа, стрес и депресија.

“Microsoft” во Јапонија ќе спроведе сличен експеримент пред крајот на оваа година. Целта им е да ги мотивираат вработените да најдат нови начини за подобрување на ефикасноста и рамнотежата меѓу работата и животот, како и покана до другите компании да се приклучат во кампањата.

Извор: The Independent