“Нема Правда, има Бубамара” | Слоганот за оваа година на “Златна бубамара на популарноста”

838

Радио Бубамара го обзнани новиот постер за 23 издание на нашата најпопуларна и најочекувана манифестација “Златна бубамара на популарноста”, кој го изработи познатиот илустратор Ивица Спасовски кој исто така и во 2013 година го изработи постерот од 16 издание.

Во духот на слоганот за оваа година “Нема Правда, има Бубамара” постерот на 23 издание отсликува еден дел од настаните од изминатата година, а за најубавите моменти ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое ќе се памети во наредните децении .

Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година се паѓа во четврток на 27 февруари.

Во меѓувреме од Радио Бубамара ни порачуваат да дишеме еколошко гориво, читаме лажни вести и се ќе биде ОК.

Наскоро ќе има информација за билетите – продолжете да слушате 105.2

radiobubamara.mk