Годинешните награди Оскар, 92-рото доделување на најпознатата филмска награда, приредија повеќе изнанадувања!
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои беше нoминиран, но петчлената авторска екипа и пчеларската кралица Атиџе, кои ја внесоа македонската кинематографија во елитата на Оскарите – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, нè претставија со сиот нивни сјај и квалитет.
Да тргнеме по ред: Оскари 2020, Доминација на „Паразит“, со четири статуетки влезе во историјата.
Имено, ривалот на „Медена земја“, јужнокорејскиот филм „Паразит“ја доби наградата за најдобар интернацинален филм, најдобра режија, најдбро оригинално сценарио и најдобар филм.
Американската филмска академија му додели Оскар за најдобра машка главна улога на Хаоким Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, негов прв Оскар, додека наградата за најдобра женска главна улога отиде кај Рене Зелвегер за „Џуди“. Зелвегер има добиено Оскар за најдобра споредна жанска улога за филмот „Студена планина“ од 2003 година.
За најдобра машка споредна улога Оскарот го доби Бред Пит. Ова е прв Оскар на Пит за најдобра улога, има добиено уште еден, за продукција на филомот „12 мајмуни“. Наградата за најдобра споредна женска улога отиде кај Лора Дерн за филмот „Брачна приказна“.
Детскиот „Приказана за играчки 4“ доби Оскар за најдобар анимиран филм, додека за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Влакнеста љубов“.
Оскар за најдобро сценарио отиде кај Бонг Џун Хо, за јужнокорејскиот филм „Паразит“, додека за најдбро адаптирано сценарио успеа Таика Ваитити за филмот „Џо-Џо зајакот“.
Оскарот за најдобар документарен филм сепак го доби „Американска фабрика“, во истата категорија беше номиниран и македонскиот „Медена земја“.
Оскарот за најдобор краток филм отиде кај „Прозерецот на соседот“. Понатаму, статуетки за најдобар дизајн и костимографија добија филмовите „Беше еднаш во Холивид“ и „Малечки жени“. Најдобра филмска редакција е доделена за „Форд против Ферари“.
Воената драма „1917“ доби три Оскари, за најдобри звук, кинематографија и визуални ефекти. Наградата за најдобра шминка и фризура му припадна кај филмог „Бомба“.
Наградата за интернационален филм, сепак не ја доби нашиот „Медена земја“, туку отиде кај јужнокорејскиот „Паразит“ кој доби Оскар и за најдбро оригинално сценарио и за најдобар филм и со тоа се впиша во истријата на Американската филмака академија.
Оскарот за најдобра музичка тема го доби Хилдер Гуднатдотир, за своето остварување во „Џокер“, додека наградата за најдобра песна ја доби Елтон Џон за изведба во филмот „Рокетмен“.
Иако, не го доби Оскарот за најдобар документарен филм, филмот „Медена земја“ направи историја на Оскарите, влегувајќи во категоријата најдобар странски филм, но како документарец и е успех кој допрва ќе ја мотивира македонската филмска уметност.
Документарниот филм во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска е третото остварување од Македонија номинирано за Оскар по „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и „Дае“ на Столе Попов.