Бременоста го подобрува здравјето

2016

За бремените жени велат дека сјаат. Според група доктори од медицинскиот универзитет Хадаш во Ерусалим тоа навистина е така, бидејќи се покажаа дека носењето на дете го подобрува здравјето.

Според нивната студија бременоста помага за забавување на процесот на стареење и го подобрува регенерациониот процес на мускулите и ткивата на мајката. Истражувањето во кое е користен високотехнолошкиот скенер за јадреномагнитна резонанца, беше применет врз бремени и не бремени глувци, подложени на трансплантации на црн дроб.

Научниците утврдиле дека кај 96% од бремените глувци црниот дроб се регенерира само за два дена, додека истиот процент кај не бремените глувци бил 46%. Исто така било утврдено дека бременоста влијае добро и на срцето на животните. Според стручњаците поволното влијание продолжува до два месеци по породувањето.

Според експертите кога една жена е бремена таа треба да ги одржува истовремено како своите функции, така и оние на детето и бременоста очигледно инјектира во жените “серум на младоста од детето кое го носи”, кој го забавува процесот на стареење.

“Бидејќи бременоста е уникатен биолошки модел на делумно делење на циркулаторниот систем, ние сметаме дека е можно тој да има подмладувачки ефект врз мајката”, се вели уште во истражувањето објавено во Журнал “наталитет и стерилитет”, цитиран од “Јаху”.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.