Се плашите дека астероид ќе ја донесе апокалипсата на Земјата ? Постои уште пострашна и поверојатна закана: ЏИНОВСКА ЕРУПЦИЈА на МЕГАВУЛКАН

3925
Ерупцијата на вулканот Хунга Тонга.

Научниците премногу често нè предупредуваат за масивните астероиди кои се движат директно кон нас и за огромните напори што се прават за да ги избегнеме.

Но, многу луѓе не сфаќаат дека постои уште поголема закана токму овде на земјата. И тоа е многу поверојатно да се случи отколку астероид да удри во Земјата…

Ма какви астероиди, заборавената закана за луѓето не е ништо друго туку вулканите. Сепак, светот е „неподготвен“ за тоа, според д-р Мајкл Касиди од Универзитетот во Бирмингем и д-р Лара Мани од Универзитетот во Кембриџ. Тие велат дека ризикот од огромна ерупција е сличен на падот на астероид широк еден километар, пишува The Sun.

Но, разликата е во тоа што веројатноста за појава на вулканска катастрофа е стотици пати поголема од ударот на астероид. Ако тоа не е доволно алармантно, научниците предвидуваат дека постои можност за ерупција овој век, со јачина од седум степени и предупредуваат дека може да предизвика глобално уништување.

Ако се прашувате колку е опасна магнитудата од седум степени, таа е 10 или 100 пати поголема од ужасната ерупција што се случила на островската држава Тонга во декември.

Тонга треба да биде „повик за будење“

Хунга Тонга-Хунга Хаапаи, како што се нарекува подводниот вулкан, резултираше со смрт на шест лица, а не сите жртви биле на самиот остров. Две лица во Перу се удавиле откако смртоносен мега бран удрил во плажа. Во Јапонија и САД, на стотици илјади луѓе им било кажано да се држат настрана од бреговите поради стравувањата од цунами.

Во меѓувреме, пацифичките острови останаа опкружени со пепел и без струја. Било потребен цел месец за да се поправи клучниот подморски кабел што на Тонга и е потребен за телефонски и интернет пристап.

Последната ерупција со јачина од 7 степени убила 100.000 луѓе

Треба само да погледнете во историските книги за да видите колку лоша може да биде магнитудата 7. „Ваквите гигантски ерупции предизвикале ненадејни климатски промени и колапс на цивилизациите во далечното минато“, рече д-р Мани.

Последното се случило во 1815 година во Индонезија и се проценува дека загинале околу 100 илјади луѓе. Смртоносниот настан предизвикал пад на глобалните температури во просек за еден степен, што ја направи позната како „година без лето“. Посевите не растеле добро, што значи дека следела глад, како и насилните бунтови и епидемии.

„Сега живееме во свет со осум пати поголем број на население и над четириесет пати повисоко ниво на трговија“, предупреди д-р Касиди. „Нашите сложени глобални мрежи би можеле да не направат уште поранливи на ударите од големата ерупција. Финансиските трошоци денес би можеле да бидат во трилиони.

Ние сме несовесни

„Стотици милиони долари се испумпуваат во заканите од астероиди секоја година, но постои сериозен недостиг од глобално финансирање и координација за подготвеност на вулкани“, продолжи д-р Мани. „Ова мора итно да се промени. Ние целосно го потценуваме ризикот кои вулканите го претставуваат за нашето општество.

Д-р. Касиди додаде: „Вулканите можат да мируваат долги временски периоди, но сепак се способни за ненадејно и екстремно уништување“.