Како до повеќе секс – водич за избегнување на разговор

772

Две третини од жените имаат секс само еднаш неделно, а тука се причините и како тие успешно да се заобиколат.

Ако ви недостасува секс, обично причина е некое извинување кое се повторува, па еве неколку корисни совети како да спречите тоа да ви застане на патот. На пример, заморот е вообичаен изговор, но ако почнете да легнувате порано и вежбате, ќе имате сила и волја за секс.

Во долгите врски често е проблем нерасположеноста за секс, затоа што станало рутина, па и едниот и другиот всушност ги избегнувате игрите во кревет. Сега што? Едноставно променете ја локацијата каде што имате секс и пробајте некоја нова поза и нерасположеноста ќе исчезне како со магија.

Главоболката, исто така, е еден од омилените изговори, а често дури и не е лажен. Не заборавајте дека лековите против болки ја намалуваат желбата за секс, па би било добро да се обидете со диететските додатоци полни со магнезиум, чиј недостаток во организмот е често причина за главоболка.

Покрај сѐ што е наведено, проблемот може да биде и лутина заради нерешени односи во врската или проблеми надвор од врската кои влијаат на неа. Ако на вашиот партнер му дадете до знаење дека решението на проблемот ќе доведе до повеќе секс … веројатно многу побрзо ќе го реши.