ОДЛУКАТА СТИГНА | Роман Абрамович го предаде Челзи на клубската хуманитарна фондација

1300

Клубот излезе со соопштение во кое Абрамович наведува дека раководните овластувања во клубот ги предава на Хуманитарната фондација Челзи.

Сопственикот на Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович објави дека се повлекува од менаџерската позиција во Челзи. Клубот излезе со соопштение во кое Абрамович наведува дека раководните овластувања во клубот ги предава на Хуманитарната фондација Челзи.

Сето ова се случува откако Абрамович беше изложен на голем притисок од јавноста.

Британскиот пратеник Крис Брајант вети дека нема да престане со неговото барање за санкции против Абрамович додека тој не ги осуди руските напади и јавно не се откаже од Владимир Путин. Тоа е единствената алтернатива за Абрамович, кој наскоро би можел да ги загуби сите права во Велика Британија.