Заборавете на кељ, киноа и чиа семиња, бидејќи цвеклото е новата супер храна.
Продажбата на виолетовиот зеленчук достигна 1 милион фунти поради својата популарност како најновата супер храна. Неговиот нов статус предизвика лансирање на нови производи на полиците во супермаркетите од супи и салати до чипс и пијалаци.
Претходно оваа година студија на Queen Mary University во Лондон откри дека редовната консумација на сок од цвекло го намалува значително високиот крвен притисок. Британските податоци покажуваат дека петте најголеми британски супермаркети ги зголемиле за 20% резервите на производи кои ја содржат новата супер храна.



















