3 шолји чај на ден го намалуваат ризикот од фрактури

1942

Совршен изговор да се релаксирате со чаша топол чај – три чаши на ден ги заздравуваат коските и го намалуваат за 30% ризикот од фрактури.

Истражувањата покажуваат дека љубителите на чајот имаат посилни коски. Билниот пијалок го намалува ризикот од болни фрактури, вклучувајќи скршеници на екстремитетите, тврдат австралиските научници, според кои чајот е главен прилог на храната за превенција за фрактури.

Во истражувањето учествуваат 1.200 возрасни жени и мажи во период од десет години. Просечната возраст на волонтерите е 80 години. Се смета дека растителните хемикалии наречени флавоноиди, ги зајакнуваат коските преку забрзување на изградбата на нови коскени клетки. Ова својство на чајот е особено важно кај возрасни луѓе на кои коските им стануваат кршливи со годините.