Поучна приказна од животот | “Никогаш не ги осудувајте луѓето прерано”

1293

“Бродот доживува бродолом. Брачен пар успеал да стигне до чамецот за спасување, но на нивно големо жалење, имало само едно место. Сопругот сам се качил во чамецот, оставајќи ја сопругата да умре сред океан. И пред да потоне во океанот, сопругата му ги кажала последните зборови во животот“.

Така професорката по литература го започна својот прв час годинава. Тука завршува нејзината приказна.

„Што мислите, кои се тие зборови?“, го прашала класот пред себе. Повеќето ученици веднаш се огласиле велејќи: „Те мразам!“, „Колку сум била слепа!“ и такви работи.

Целото одделение се натпреварувал што ќе каже, но едно момче седело и молчело цело време.

„Што мислиш дека рекла?“ прашала учителката, приближувајќи му се.
„Мислам дека му рекла: „Грижи се за нашето бебе!
„Ја знаеш оваа приказна?“, се изненадила учителката.
„Не, мајка ми го кажала токму тоа на татко ми пред да почине“, одговорило момчето.

Наставничката се свртела, надевајќи се дека никој нема да ги забележи нејзините солзите што ѝ се лизгаа по очите.

„Така е“, одговорила таа.

Бродот потонал. Мажот се вратил дома и сам ја одгледал ќерката. Многу години подоцна, кога и татко ѝ заминал на оној свет, додека си ги средувала работите, девојчето го нашла неговиот дневник и го прочитала следново:

„… Таа веќе имала ужасна дијагноза кога тргнавме на пат. Не ѝ остана многу време за живот. Боже, да можев да се удавев за неа, но за доброто на нашата ќерка, не можев. Морав да ја оставам среде океан“.

Класот молчел…

Од очите на децата било јасно дека се длабоко трогнати од оваа приказна и дека денес за прв пат сфатиле дека првиот впечаток може да биде измама.

Затоа никогаш не треба површно да ги осудувате луѓето и нивните постапки, затоа што за нив можеби не знаеме доволно.