Еве зошто тешко ви оди слабеењето

121

Давате сè од себе, се трудите, се храните здраво и вежбате, но резултатот изостанува. Според нутриционистите, едно нешто на кое забораваме се течните калории.

Размислете дали пиете чаша вино со ручекот, сок, индустриски ладни чаеви, газирани пијалаци…

Ако погледнете на декларацијата на овие производи, ќе видите дека всушност, содржат многу калории, но и додатоци и адитиви кои го попречуваат вашиот процес на слабеење.

Секако, решението за ова е да пиете вода и незасладени чаеви и да не се потпирате на маркетингот за диеталните производи.

Наместо тоа, наполнете ја својата чинија со зеленчук богат со растителни влакна, фокусирајте се на квалитетни јаглехидрати, не заборавајте на протеините и за ужина изберете овошје.

Исто така, внимавајте и на големината на порциите кои ги јадете и дури и кога намирниците се најздрави, најдобро е да не се прејадувате.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.