БОЛНИ ДИПЛОМАТИ И ВОЈНИЦИ | Откриена причината за мистериозниот Хавански синдром? 

1586

Можно е да се дизајнираат уреди кои лесно можат да се сокријат, а електромагнетните или ултразвучните бранови можат да се насочат кон друга личност.

Електромагнетните бранови може да бидат причина за мистериозниот „Хавански синдром“, кој ги погоди американските дипломати и војници ширум светот, соопшти во средата американското разузнавање, потврдувајќи ја претпоставката за намерни напади.

Според експертска група консултирана од разузнавачките агенции, електромагнетните и ултразвучните бранови со краток дострел би можеле да бидат причина за некои „ненормални здравствени инциденти“ (IAS), како што се нарекуваат во административен жаргон.

Можно е да се дизајнираат уреди кои лесно можат да се сокријат

Технологијата која е способна да ги предизвика забележаните симптоми (главоболка, гадење, вртоглавица, па дури и невролошки оштетувања) постои, додаваат експертите и покажуваат дел од нивниот извештај објавен од Американската разузнавачка агенција.

Од стотиците прегледани, „дел од IAS не може едноставно да се толкуваат како еколошки или медицински состојби и можат да се припишат на надворешни стимули“, се вели во документот.

Според овие експерти, можно е да се дизајнираат уреди кои лесно можат да се сокријат, а електромагнетните или ултразвучните бранови да се насочат на човек. Но, не кажаа дали веќе постојат такви уреди и дали веќе имало такви напади.

Дваесетина случаи не се решени

Нивниот извештај е во спротивност со некои неодамна објавени заклучоци за недостаток на докази за вмешаност на странска сила во таа мистериозната болест.

Минатиот месец, висок функционер на американската влада, кој сакал да остане анонимен, рекол дека е „невозможно за странски фактор, вклучително и Русија, да води подолга глобална кампања за да им наштети на персоналот (амбасадите на САД) користејќи оружје или некој уред.

Повеќето случаи се објаснуваат со медицински состојби, вклучително и недијагностицирани болести или еколошки и технички фактори, рече претставникот. Но, дваесетина случаи се уште не се расветлени.

Неверојатни теории

Експертите, чиј извештај е објавен во средата, отфрлија голем број теории, како што е употребата на јонизирачко зрачење како резултат на радијација, хемиски и биолошки агенси, сонично или звучно оружје или топлина генерирана од електромагнетна енергија. Сите овие теории се „неверојатни“, заклучија тие.

Во 2016 година, синдромот првпат ги погоди американските и канадските дипломати кои служат на Куба, па оттука и името Хавански сндром.

Абнормални здравствени инциденти подоцна биле забележани во други делови на светот (Кина, Германија, Австралија, Русија, Австрија), дури и во Вашингтон.

Во август 2021 година, посетата на американскиот потпретседател Камала Харис на Ханој била одложена три часа по предупредувањето од ваков тип во виетнамската престолнина.