Завршна изложба на дела изработени од членовите на ликовното студио “Арс вивенди”

112

На 05.06 2019, во галеријата на Домот на културата “Кочо Рацин” – Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде поставена четиринаесеттата завршна изложба на дела изработени од членовите на ликовното студио “Арс вивенди” каде што ментор е академскиот сликар и ликовен педагог м-р Тони Шулајковски.

Интересно е што се насликани различни мотиви и делата се изработени во различни техники, масло на платно, акрилик на платно, акварел, туш, молив, сув пастел, а оваа година има и дигитална графика.

Делото Дремката на облакот” од Нена Бислимоски ќе биде отпечатено како корица на истоимената хаику збирка напишана од нејзината сестра Софија Бислимоски.

На отворањето на изложбата ќе бидат доделени и дипломи од студиото за членовите од генерацијата 2018/2019.

Дијана Петкова, проект менаџерка “Арс Вивенди”

ДРЕМКАТА НА ОБЛАКОТ – НЕНА БИСЛИМОСКИ