Иако научниците дошле до заклучок дека последното чудовиште починало пред 1,5 милиони години, во Калифорнискиот залив луѓето се плашат и веруваат дека сепак постои.
Дали има во морињата и езерата неоткриени животни со огромни пропорции какви само најхрабрите се осмелуваат да ги замислат? Можеби суштествата кои не гледаат од други димензии се темни ангели најавувајќи зло? На сите овие прашања луѓето, кои истражуваат криптиди – животни, растенија или некои сосема различни суштества за кои се шепоти, се обидуваат да дадат одговори, но досега не постои научен доказ дека тие навистина постојат.
Замислете ја најголемата постоечка бела ајкула, зголемете ја двојно и ќе добиете Megalodon, еден од најмоќните предатори кои ги создала мајката природа.
Она што е најдобро (или најлошо како сакате), Megalodon-от навистина постоел, и она што го прави денес криптид е верувањето дека по некој “примерок” сѐ уште се крие во длабочините на морето.

Ако тоа е навистина така, криптолозите од листата можат да избришат уште едно име, но затоа ние останатите би добиле уште една причина повеќе да го фалиме морето, но се држиме по крај.
Фосилните остатоци на Megalodon се пронајдени во многу делови на светот, и во Европа, и криптолозите заклучиле дека животното живеело пред околу 28 милиони години, а изумрело 1,5 милиони години пред нашата ера.

Во просек животното било долго околу 16 метри (според некои морски биолози дури и повеќе), и тежело неверојатни 50 тони. Се хранело со месо и до еден залак можело лесно да дојде, бидејќи било вооружено со остри заби до 15 сантиметри долги. Со секој залак, употребувало сила од 1,8 тони!
Megalodon во медиумите, по долго време, повторно се појави во 2008 година, и сите, благодарение на Eric Mack, кој, наводно, смета дека видел еден вид во Долна Калифорнија.

Неговата приказна за големото суштество е еднаква на многу традиции на локалните рибари, кои на чудовиштето му го дале името Црнот демон, и е обвинет за сите трупови на китови на кои им се исчезнати големи делови на телото.
Eric Mack зборува за своето искуствo во документарецот на History Channel, во кои авторите нѐ потсетуваат дека за оваа ајкула се мислело дека не постои илјадници години, но всушност сѐ уште живее еден вид пронајден во 2007 година во Јапонија, на длабочина од 1.500 метри.
Со тоа оставија простор за Megalodon, некаде на друго место, весело да мавта со перката, а самата помисла дека е тоа така, веќе нѐ наежува.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















