Каде сте мајки и татковци? Не се осмелувам да ја допрам вашата болка, но зошто плачете сега?

2340

Во последниве години, воспитувањето стана се повеќе либерално, а децата добиваат поголема слобода за што не се ниту зрели ниту доволно подготвени.

Секој родител има тенденција да ги оправда “злосторствата” на своето дете и да ја пренесе вината на другите, но тие не се свесни дека со тоа честопати им предизвикуваат повеќе штета отколку добро.

Во светот каде сè им е дозволено, младите сè повеќе ја губат контролата, а многу родители не се ни свесни за тоа што прави нивното дете сè додека не се појават сериозни последици.

Милица Радованчев, која за порталот Noizz напиша текст, се осврнува на загрижувачката состојба меѓу младите луѓе во Србија, а во многу нешта можат да се препознаат и во Македонија.

Тука го пренесуваме во целост.

Кога во градинка се граба за играчка – тогаш доаѓаат мама и тато и викаат малку на воспитувачката, малку на другарчето, она лошото дете кое го расипува нивното и не му дава да игра. Затоа што нивното е злато! И, тогаш со гордост во очите гледаат во нивното мало галениче!

Кога ќе се степа со другар во училиште – доаѓаат тато и мама, се закануваат на кого треба, уценуваат, само нивното злато да е безбедно на училиште, па и да не е во право и да почнал да ги загрозува другите. И тоа има исто толку права како и сите деца! Сè уште му светат очите, затоа што светот не видел таков генијалец!

Кога ќе почне да бега од часови во средно, да ги пцуе професорите и силеџиски да ги третира другите – мама и тато доаѓаат и им објаснуваат на сите по ред дека сега е во чувствителни години, дека никој не го разбира и дека воопшто не е негова вина што сите го предизвикуваат! Гордоста е одамна заборавена, но мама и тато не се уморни, не, само тие не се откажуваат, така треба и да биде!

Кога едвај ќе заврши во средно, мама и тато го запишуваат на приватен факултет, затоа што – кој уште видел дека има леб од државниот, а и што да се мачи детето кога истото ќе го постигне со многу помалку работа! Мама и тато нема да признаат дека не успеале да создадат од своето галениче човек, нема да видат дека нема ниту знаење ниту волја да направи нешто, не, не. Сè уште има надеж!

Сега веќе го зема автомобилот на татко му без прашање, затоа што на 15-годишна возраст почнал да излегува и да не кажува никому каде (а, и кој смее да го праша). Има над 20 сообраќајни престапи, но тато има уште другари во полицисија и тоа се сокрива. Што да прави синот, млад е, сите ние сме биле млади и сме се глупирале! Веќе сега може да издржи многу алкохол на нозе, ма прв е кога се пие, а со 15 години се крие зад училиштето. Тој е луд, тој е брз и сите сакаат да бидат околу него, затоа што тој е многу кул!

И тука се траги на кочење, некоја кривина која, ете, за чудо, до тогаш не била тука, тука има врескање и болка. И тука е смртта. И бил добро, фино момче од улица, никогаш не правел проблеми, примерен ученик и добар другар!

Лага! Една по друга затоа што за починатиот само најубаво се зборува, особено кога е млад! Многу ми е мака. Зашто лажете? Не мислите ли на сите оние деца кои повторно ќе седнат зад воланот пијани? Зарем не мислите дека сè смрди и гние во оваа силувана држава и дека доволно е од прикривање.

Сега е готово! Тој е мртов! И сега почнува! Сега треба да се каже, да се вика на сиот глас дека тоа така не може и не треба!

Каде сте мајки и татковци? Не се осмелувам да ја допрам вашата болка, но зошто плачете сега? !!!!! Како сте ѝ дозволиле на вашата ќерка со 15 години да биде ѕвезда на кафулињата? Зошто умирате од смеа кога вашиот син ви ги кажува авантурите како пијан правел некоја луда работа со ортаците?

Зошто не ја прашате каде тргнала во толку кратко здолниште и голи гради во вторник, а утре оди на училиште?

Зошто дозволувате да го вози вашиот автомобил, а само што положил и нема да трепнете кога ќе стисне на гаста малку посилно? Зошто плачете сега? Нашите деца се заземаат на вжештени дебили, на децата на пејачи и пејачки кои не заслужиле да бидат познати освен што се деца на спомнатите! Децата сакаат да бидат како нив! Тие пијат додека не се онесвестат, се согласуваат со понижување само да не бидат отфрлени!

На што ги научивте? Па, вие ги испраќате во кафани со зборови добро да си поминат Убаво друштво, примерни деца, а во друштво на дилери и неконтролирани деца на богаташите! Напалени дебили! Целиот свој идентитет го темелат на парите на мама и тато! Дали е тоа она што го сакате за вашите деца? Ги испраќате таму и се гордеете како го “сакаат животот“!

Се заземаат децата да застанат во кафулето до оној еден, како беше – неговата мајка е препумпана певаљка, а неговиот татко починат криминалец! Се заземаат да им дозволи да седнат во неговото сепаре! Што носат во главите? И, само се чека слика на популарните сајтови, затоа што ако ви излезе таму сликата од ноќниот провод – е да, тогаш вие сте некој.

И сите се толку слатки и блесави, со малку повеќе од оние дозволени промили алкохол во крвта. И, тогаш не знаеме од каде и како се случило тие бахати будали да удрат и усмртат момче на мостот.

И тогаш не знаеме како ни загинал 16-годишник на мотор, за кој неговите родители дури и не ни знаеле дека го има!

И ќе се чудиме кога шестмина млади луѓе ќе се струполат во замрзната река, а секунда пред тоа пееле заедно и се шегувале!

Само вие лајкајте слики на ФБ и аплаудирајте кога вашето дете стекнува популарност висејќи по она што е само дно на ноќниот живот – сплавови и овие модерни кафани!

И после се молк! И лага. Една по друга. Да се оправдаме, да избришеме ако можеме. И никој не е виновен и никој не сакал, им простуваме сите. И се туркаме под тепих.

Еве доаѓа викенд повторно да се шокираме од глетка на уништен автомобил, со број на мртвите и повторно да раскажуваме низ солзи колку биле примерни деца.

БРАВО ЗА ТЕКСТОТ КОЈ И ДА ГО НАПИШАЛ !!

СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО ОВА – ТРЕБА ДА СЕ ПРОЧИТА.

Извор Noizz