Оваа неверојатно талентирана пливачка на 18 години стана најмладата победничка на Охридскиот маратон, а по трката од Капри до Неапол ги обедини титулите светски шампион во солена и слатка вода.
Атина Бојаџи била југословенска и македонска маратонска пливачка која веќе на единаесетгодишна возраст успеала да ги собори сите југословенски рекорди во пливање во слободен стил на кратки патеки и во делфин стил. Од оваа причина во родниот град гордо го носела прекарот Охридски делфин.
Оваа неверојатно талентирана пливачка на 18 години стана најмладата победничка на Охридскиот маратон, а по трката од Капри до Неапол, според „Википедија“, ги обедини титулите светски шампион во солена и слатка вода.
Но, нејзиниот најголем подвиг што го направила и кој го запечати нејзиното име во историјата на пливањето се случил на 9 септември 1969 година, кога го преплива La Manche, на местото каде каналот е широк 34 километри.
Тој ден, точно во 20:05 часот, Бојаџи, повеќе давејќи отколку пливајќи, доплива до другата страна на La Manche како првата Југословенка што го препливала овој канал. Пливањето траело 13 часа и 20 минути.
Напорот од пливањето е само еден елемент од нејзиниот подвиг што таа морала да го надмине. Меѓу другото, додека пливала кон англискиот брег, поминала низ јато од медузи, додека една дури ѝ се залепила, но дебелиот слој на маст со која била обложена ја има заштитено.
А ледената вода на La Manche, која не надминува 16 степени, е нешто што со мака го издржа. Првите знаци на замор почнала да ги покажува по седум часа пливање, а кризите станувале почести и посилни. Таа врескала дека не може повеќе, плачела и викала од морето, а нејзините тренери се плашеле дека во очај може дури и да се залепи за бродот што ја следел, што автоматски би ја дисквалификувало.
Најдобар доказ за нејзиниот труд се фотографиите кои се појавија во медиумите следниот ден, на кои нејзиниот израз на лицето, избезумено од умор, зборува повеќе од илјада зборови и ја изразува болката во која се наоѓа.
Според правилото, не било доволно само да се застане на копното, туку требало и да се излезе на суво и да се исправи со двете нозе, за брановите да не ѝ ги допираат стапалата, во што таа за малку не успеала. Делфина едвај ползела со рацете, се сопнувала додека со последните атоми сила се кренала и веднаш паднала во несвест и продолжила да се грчи од нападот на ладното.
И покрај драматичната сцена, луѓето околу неа биле обземени од општата радост за успехот што го постигнала. Пред неа во овој подвиг успеал само Нико Нестор од нашите простори, далечната 1959 година.
Во чест на овој фантастичен успех, во 1977 година е снимен филмот Исправи се, Делфина во кој Атина ја игра Неда Арнериќ, и била една од соработниците на филмот, а во некои сцени таа и пливала наместо Неда.
– Има некои работи и некои настани во животот кои никогаш не можат да се заборават, бидејќи сè ве потсетува на нив, или едноставно, настани кои не сакате да ги потиснете од вашата меморија. Сите ние заборавени спортски асови – како што некогаш не нарекуваа во серија телевизиски емисии – имаме такви моменти. А спортските резултати, подвизи или рекорди, медали и трофеи честопати се сè што имаме, еден вид фетиш што не дозволуваме да биде допрен. Тешко на оние што ќе се обидат да ни го украдат – напишла таа, меѓу другото, во авторскиот текст за Илустрована во 1978 година, по повод филмот Исправи се, Делфина.
По активна пливачка кариера, пливачката се посветила на тренерската работа, прво во белградска Црвена звезда, а потоа и во САД во спортскиот центар во Лос Анџелес. Во јануари 1998 година Македонскиот олимписки комитет и ја додели титулата Великан на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот весник Утрински весник ја прогласи за Спортистка на векот.
Делфина починала во Скопје по кратко боледување на 28 декември 2010 година.