Путин најави борба против ревизија на историјата | Се отвора центар со најголема колекција на документи за II Светска војна

2428

Рускиот претседател Владимир Путин најави борба против ревизијата на историјата.

Тој има намера да отвори центар со најголема колекција на документи за Втората светска војна, кој ќе биде достапен за секого во светот преку Интернет.

На тој начин тој сака да спречи ширење на дезинформации за, како што вели, најлошиот конфликт во историјата на човекот.

Најголема архива

Путин пред ветераните на крвавиот конфликт, кој траел од 1941. до 1945. година, ветил дека еднаш и за секогаш ќе ја затвори устата на оние кои ја извртуваат историјата заради ефтини политички поени.

– Секое лице, Русин или странец, ќе може да пристапи до архивата преку Интернет-страницата. Главната цел е да се ослободиме од дезинформациите за најстрашиот конфликт во историјата на човештвото – рекол Путин.

Тој додал дека отворањето на новиот центар нема да остави простор за оние кои ја извртуваат вистината за Втората светска војна за свои политички потреби.

– Ќе им ја затвориме устата на оние јавни личности во странство кои ја извртуваат историјата заради краткорочни политички цели. Ние ќе ги замолчиме со сигурни и фундаментални факти – рече рускиот претседател.

Според него, новиот центар треба да вклучува најголема колекција на документи, фотографии и видео-снимки од Втората светска војна.

– Москва треба да го следи примерот на политиката на Тел Авив, кој буквално никому не му дозволува да ја заборави вистината за хоророт на Холокаустот. Меѓу тие жртви на Холокаустот биле и голем број советски Евреи. Исто така, никогаш не смееме да ги заборавиме жртвите на другите советски нации, ниту на рускиот народ, кои ја бранеле својата татковина и целиот свет од таа чума, од нацизмот – потенцира Путин.

Шефот на Кремљ решил да се бори против ревизијата на историјата по конфликтот меѓу Русија и Полска околу настаните што довеле до Втората светска војна. Варшава долго време пласира искривена слика за тоа и отстранува споменици на советските војници кои биле убиени при ослободување на градовите од нацистите. Врвот на конфликтот се случил во септември минатата година, кога Полска на ЕУ парламентот им ја предала резолуцијата за која се тврди дека е пакт за ненапаѓање, потпишан во 1939. година меѓу Москва и Берлин, а го отворила патот за избивање на Втората светска војна.

Тешки зборови

Остри критики дојдоа од Русија, кои сметаат дека резолуцијата е фалсификување на историјата. Самиот Путин се вклучил во конфликтот, нарекувајќи го Јозеф Липски, полскиот амбасадор во Берлин помеѓу 1934. и 1939. година, “скот и антисемитска свиња“. Тоа го кажал затоа што Липски му ветил на Адолф Хитлер дека Полјаците ќе му подигнат убав споменик во Варшава, ако бидат протерани сите европски Евреи во Африка. Варшава се најде навредена од зборовите на Путин, иако никој не ги оспори постапките на Липски.

Конфликтот меѓу Русија и Полска го привлече меѓународното внимание, па американските и германските амбасадори застанале на страната на Полска во врска со тоа дека Хитлер и Сталин се договориле за почетокот на Втората светска војна.

Покрај тоа, Полска бара огромна компензација од Германија за злосторствата извршени од нацистите за време на војната. Во исто време, Варшавскиот режим одбива да ја признае одговорноста за својата улога во злосторствата извршени врз полските Евреи за време на нацистичката окупација.

Русија не може да биде парламентарна република

Владимир Путин изјавил дека на Русија ѝ е потребна силна улога на претседателот и дека земјата не може да биде парламентарна република.

“Не се препорачуваат било какви експерименти за рускиот владин систем и преминот од претседателска во парламентарна република“, рекол Путин.

На Русија, која има огромна територија, многу верски заедници и голем број нации, сè уште и е потребна силна претседателска моќ. Според него, за нормално функционирање на парламентарниот систем, политичката структура во земјата треба да се развива долго време, како во Европа, каде што некои партии постојат со векови.

(Спутник)