Ако сте се обиделе со безброј диети и ниту една до сега не ви донела значајни резултати, пробајте ја ароматерапијата.
Според експертите етеричните масла имаат големо влијание врз секојдневниот живот. Тие можат да го подобрат расположението, да помогнат за опуштање и релаксација, а во исто време ја зголемуваат концентрацијата. Не на последно место е ефектот и врз килограмите.
Се препорачува да носите со себе масло од грејпфрут што ќе го дишете длабоко од три до пет пати дневно за регулирање на апетитот. Грејпфрутот е познат по тоа што има низок гликохемиски индекс и содржи влакна кои го заситуваат за долго време организмот.
Треба, сепак, да се има предвид дека овој плод може да се користи како помошно средство во борбата со килограмите само за одреден временски период. По подолга употреба телото може да се привикне кон него, а кога тоа ќе се случи корисните својства на аромата бледнеат. Кога организмот ќе се навикне на мирисот на грејпфрутот, пробајте маслиново масло.



















