И покрај бумот на технологијата и тоа што сè помалку луѓе стапнуваат прагот на јавните библиотеки, не можеме да не се израдуваме на атмосферата на некои од нив.
Во светот е полно со импресивни, огромни складишта за хартии книги кои имаат уникатен дизајн и се сместени во стари згради со интересна и долга историја.
Овие огромни, убави библиотеки се како магични храмови во кои човек навистина може да се пренесе во приказните, имагинарната вселена, и покрај многуте луѓе околу себе.
И да не заборавиме дека позајмувањето на убави книги бесплатно е благослов, која ние често го земаме здраво за готово.
Ќе ви покажеме 11 од најатрактивните библиотеки во светот, расфрлани на речиси сите континенти.
Првата таква библиотека се вика “Admont Abbey Library” и се наоѓа во Австрија. Таа била изградена пред речиси 1.000 години од монаси.
Оваа величествена библиотека всушност е најголемата манастирска библиотека во светот – долга 70 метри.
Видете ги другите најубавите библиотеки во светот во галеријата.
Библиотеката во Аделаида, Австралија, се отвори минатата година, но навистина е импресивна.Библиотеката “The Beinecke Rare Book & Manuscript Library” бо Јеил, САД, е една од најголемите во светот, посветена е на ретки книги и ракописи. Изградбата е завршена 1963 година.“Biblioteca Vasconcelos”, Мексико, е со површина од 38 000 м2 и содржи повеќе од 470 000 книги.“Public Library”, во Бостон, отворена е 1848 година. Минатата година 73 илјади жители на Масачусетс се пријавиле за постпејд карта.Библиотеката “Handelingenkamer”, Холандија, изградена е во 19 век, но во тоа време немало струја па затоа кровот е направен со стаклена купола за да се овозможи максимална светлина. Таа има четири ката.Библиотеката во Лидс, Англија, е со скромни димензии, но претплатници биле многу познати и реномирани личности како нпр. Џозеф Присли, англиски хемичар, теолог и философ, член на Лондоското Кралско Друштво.Библиотеката на Собранието во Канада датира уште од 1790 година и се смета за готско чудо. Наменета е да им служи на парламентарците и на нивниот персонал. Библиотеката била опожарена неколку пати.Јавната Библиотеката во Њујорк е отворена кон крајот на 19 век и е наголемата во САД. Во неа се чуваат повеќе од 51 милион книги.Централната Библиотеката во Сан Диего, Калифорнија, и има повеќе од 6 милони посетители и околу 5 милиони книги. Таа е дел од најголемиот културен институт.“Public Library” во Сткхолм, Шведска, е една од најзначајните структури на градот и првата јавна библиотека во Шведска. Само 2014 година изнајмени се повеќе од 4 милиони книги.