Израелско-палестинска љубов забранета и во книгите, лектира исфрлена од училиштата

1262

Израелското Министерство за образование во училиштата го забрани романот за љубовта меѓу Израелка и Палестинец, тврдејќи дека тој оретставува „закани по израелскиот идентитет“.

Се работи за романот „Живот на граница“ кој го напиша израелската писателка Дорит Рабинјан на хебрејски јазик.

Како причина за забранување на овој роман првобитно се наведуваше неговата потенцијална опасност по израелскиот идентитет, односно потреба учениците да гп заштитат своето културно наследство.

Инаку овој роман претходно го препорача израелската комисија за книжевност, како лектира во секуларните државни училишта.

Израелската писателка, по потекло од Иран, а во својот роман зборува за Израелската Лиат и палестинскиот уметник Хилмиј, кои се запознале во Њујорк.

Животот ги раздвијува и Лиат заминува во Телл Авив, а Хилми во Рамалах.