Жените кои имаат секс со непознати за да го спасат бракот | Чудниот обичај крие многу опасности

348

На интернет се појавија серија понуди кои за неколку илјади фунти им нудат на разведените муслиманки “халал” бракови.

Тоа е традиција која ја следи помал дел од исламските верници: кога сопругот ќе се разведе од сопругата, таа има можност повторно да биде со него, но само ако претходно се омажи за друг, го конзумира бракот и се разидува од тој “привремен” сопруг.

Од оваа чудна традиција се оградува поголемиот дел од исламските верници, но очигледно има доволен број напуштени муслимански жени кои се во очај, подготвени на сѐ, па така и да се обратат “на агенциска” помош. Со други зборови, жените плаќаат да спијат со непознати мажи, а по сексуалниот однос се разведуваат и се женат, тогаш, според обичајот, можат повторно да се омажат за својот сопруг.

При тоа ги демнат разни опасности. Често во “халал бракот” им паѓаат во рацете на лажговци или на насилници кои ги задржуваат и ги малтретираат, и сето тоа се претвора во силување кое може да трае со месеци. Иако практиката на “халал” е забранета во повеќето исламски земји, невозможно е да се знае колку точно оставени жени сепак се обидуваат да го спасат својот брак на овој начин.

BBC наведува пример на една муслиманка која својот сопруг го запознала додека била на 20-годишна возраст. Таа родила деца, а потоа нејзиниот сопруг почнал да ја злоупотребува. За време на една расправија, сопругот од работа на мобилен телефон ѝ  испратил порака во која пишал: “Talaq, talaq, talaq.

Се замрзнала. “Triple talaq” е, всушност, практика со која, според верувањето на некои муслимани може веднаш да се раскине бракот. Доволно е мажот на својата сопруга три пати по ред да ѝ го каже тој збор, и бракот е завршен.

Муслиманите кои се поведуваат кон таа традиција веруваат дека тоа е единствениот начин разведениот пар повторно биде во брак по пат на халал. BBC контактирал еден маж кој преку Фејсбук ја нудел таа услуга.

Барал 2.500 фунти за “халал” однос со заинтересирана странка, а откако беше официјално контактиран од BBC, потенцијалниот “халал младоженец” негирал сè и рекол дека се шегувл и дека се работи за “социјален експеримент”.

Што се однесува до соговорникот на ББС, таа конечно се откажала од халал бракот. Сега, при здрав разум, вели дека никогаш не би го сторила тоа. Но, во моментот кога очајно сакала да го спаси својот брак, таа би била подготвена на сѐ.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk