Подготвена е руската вакцина против коронавирус

316

Првата руска вакцина против коронавирус, направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, е подготвена.

Ова го изјави заменик министерот за одбрана на Русија, Руслан Чаликов.

Тој рече дека специјалисти и научници од Националниот истражувачки центар ги извршиле последните проверки и тестови.

Сите доброволни приматели на новата вакцина развиле имунолошки одговор на коронавирусот и се чувствуваат добро.

„Можам да кажам дека првата вакцина против коронавирус е подготвена“, рече Чаликов во разговорот со новинарите од весниците „Факта“ и „Аргумент“, пренесува ТАСС.