Еве како да бидеш модерен маж во кревет

196

Веројатно многупати сте прочитале или пак слушале каков треба да биде современиот, модерен маж. Во моментов, на пример, ќе се “котирате” многу добро, ако спаѓате во групата на лъмберсексуалните мажи.

Дури и да не сте обожаватели на огромната брада, не грижете се. Со вистинската облека и додатоци може да го направите изгледот навистина импресивен.

Правилата на “модерниот маж” сепак не се само во однос кон неговиот изглед. Постојат и правила поврзани со сексот. Значи, ако сакате да бидете модерен маж и во креветот, прочитајте ги следните редови:

1. Модерниот маж секогаш ги менува чаршафите кога ќе покани дама дома.

2. Модерниот маж секогаш прави резервација во ресторан за вечера, а дури потоа доаѓа до сексот (особено за време на викендите).

3. Модерниот маж ѝ дацва многу комплименти на жената – но, не само во почетокот на вечерта.

4. Модерниот маж треба да се усогласи прво со желбите на својата дама.

5. Модерниот маж треба да се грижи за својата фигура. Не треба да станува фитнес манијак, но распуштените тела не се особено секси.

6. Модерниот маж придава доволно внимание на секоја ерогена зона на жената, со која има секс.

7. Модерниот маж нема да ја прекине сексуалната акција сè додека неговата партнерка во кревет не доживее оргазам.

8. Модерниот маж секогаш ја прашува жената, ако сака да проба или да експериментира нешто за време на секс.

9. Модерниот маж секогаш користи кондом, ако нема постојана партнерка.

10. Модерниот маж секогаш ја предупредува жената пред да стигне до финалето – никој не сака изненадувања.

11. Модерниот маж може да прави масажи со професионалните вештини на физиотерапевт и со страст на љубовник.

12. Модерниот маж вложува напори да го запознае секој дел од женската анатомија.

13. Модерниот маж е подготвен да експериментира и да ги оствари желбите на својата партнерка.

14. Модерниот маж ги вложува сите потребни грижи за својот изглед, за да биде импресивен не само во облека, но и кога ќе остане гол во кревет.

15. Модерниот маж знае дека контактот со очите и бакнежите за време на секс се навистина секси.