Женкарот кој ја сакаше физиката | Сопругата ја мамел со братучетка му, а кога се венчал со неа, веќе бил со пет љубовници

1111

Валтер Исаксон, истакнат американски новинар и поранешен главен уредник на магазинот Тајм, во новата биографија на Алберт Ајнштајн “Животот на генијот” открива дека интимниот свет на авторот на теоријата на релативноста, повеќе личел на теоријата на хаосот.

Albert Einstein, summer 1939, Long Island, NY

И покрај репутацијата дека бил рамнодушен, Алберт Ајнштајн бил всушност страстен човек во своите лични и научни стремежи, тврди Валтер Исаксон, познатиот американски писател, поранешен главен уредник на магазинот Тајм и поранешен директор на CNN. Почитуван биограф на познати личности, Исаксон е светски познат по својата биографија на Стив Џобс.

Овие денови во Америка биле објавени неговите две нови книги: “The Innovators: How a Group of Hackers, Geniuses, and Geeks Created the Digital Revolution”, која по трага на блокбастер за Стив Џобс зборува за производителите на компјутери и интернет, и “Einstein: The Life of a Genius”, сеопфатна биографија на творецот на теоријата на релативноста која ја поврзува Ајнштајновата работа со неговиот комплексен приватен живот. Новата Ајнштајнова биографија се базира на Исаксоновото истражување и неодамна објавените лични документи на познатиот физичар кој станал икона на популарната култура.

– Ајнштајн бил различен од повеќето големи научници на своето време. Некои веројатно биле поинтелигентни во чиста математика отколку тој. Но, Ајнштајн размислувал надвор од рамките и својата креативност ја применувал на поинаков начин. Работата на Ајнштајн имала многу личен карактер, белег кој го направил препознатлив во начинот на кој Пикасо е признат како Пикасо – тврди Исаксон.

Алберт и Милева

Првата љубов ја стренал во Цирих

Роден во 1879 година во Улм, во еврејско семејство од средна класа, Алберт Ајнштајн не се чинело дека е надарено дете. Доцна прозборел, а во училиште, кое му било здодевно, бил слаб по математика. Неговата потрага по откритијата започнала кога како 16-годишник се обидувал да дознае што ќе се случи со неговиот лик во огледалото, ако би почнал да се движи со брзина на светлината. Младиот Ајнштајн во 1896 година при вториот обид запишал студии по математика и физика на Швајцарскиот национален технолошки институт (ETH) во Цирих, каде што се вљубил во 21-годишна српска студентка Милева Мариќ, единствена жена во неговата група. “Жестокта црнка” Милева Мариќ во летото 1896 година се запишала на Медицинскиот факултет во Цирих, но на есен се префрлила на ЕТХ.

Двајцата биле лудо вљубени, а имале и вонбрачна ќерка од која се откажале и ја дале на усвојување. Конечно се венчале кога Ајнштајн, по многу маки, добил работа во канцеларија за патенти – напишал Исаксон.

Ќерката починала од шарлах?

Liesserl, вонбрачната ќерка на Алберт и Милева, родена е во јануари 1902 година во близина на Нови Сад. Бидејќи веднаш ја дале на посвојување, по две години ја изгубиле трагата. Никогаш не се дознало што се случило со Liesserl. Според некои теории, починала од шарлах, но никогаш не била пронајдена посмртницата. Алберт и Милева се венчале во 1903 година и имале два сина, Ханс Алберт (1904), кој бил познат како Ада и Едуардо (1910), кој бил познат како Тете.

– Кога Ајнштајн работел во патент канцеларијата, во своето слободно време, тој напишал четири од петте дела кои ја трансформирале физиката. Милева му помагала проверувајќи ја математиката во неговата работа. Навистина му помагала, но идеите биле на Ајнштајн – тврди Исаксон.

“Чудесната” 1905 година Ајнштајн објавил три големи трудови: специјалната теорија на релативноста, објаснување на брауновото движење и објаснување на фотоелектричниот ефект. За неговата работа се слушнало нашироко, па во 1911 година станал професор на Универзитетот во Прага, а во 1914 година во Берлин. Кризата во турбулентниот брак со Милева тогаш само ескалирал.

– Милева го оставила во Берлин во 1915 година и со своите синови се вратила во Цирих. Ајнштајн тогаш страдал од силни болки во стомакот, кој дополнително се влошиле заради недостигот од храна во Првата светска војна. Го негувала неговата братучедка Елса, со која подоцна се оженил – пишува Исаксон. Врската на Ајнштајн со братучетката Елса почнала уште во 1912 година додека била мажена за Макс Ловентал. Тие се венчале во 1919 година, кога Милева конечно се согласила на развод.

Алберт и Елса

– На Милева Ајнштајн и понудил договор. Ако се согласи со развод, ќе ѝ ги даде парите од Нобеловата награда за која очекувал дека еден ден ќе ја добие – запишал Исаксон.