Дали е ова најлудата теорија досега? Видео

1338

Неодамна се одбележаа 19 години од еден од најголемите терористички напади во историјата – уништувањето на кулите Близначки на 11 септември 2011 година.

Иако поминаа скоро две децении, бројни теории на заговор сè уште кружат околу овој трагичен настан. Многумина се убедени дека овој терористички напад е „работа направена одвнатре“, поточно дека американските моќници го дизајнирале до последниот детал. И навистина, кога ќе го погледнете видеото кое кружи низ социјалните мрежи последниве недели, би било логично да се заклучи истото.

Имено, американскиот музичар Рој Филдс објави видео пред две недели во кое детално објаснува како моќниците знаеле дека се подготвува 11 септември и дека тој настан го насликале на банкноти од 5, 10 и 20 долара години порано.

Филдс прво забележува дека редизајнот на доларот започнал во 1996 година, со банкнота од апоени од 5 американски долари. Само кога таа банкнота ќе се склопи, ќе добиете нешто што изгледа идентично како кулите Близначки. Следната година, била издадена нова банкнота од 10 американски долари. Ако се преклопи на ист начин како и претходниот, ќе видите како нешто удира во кулите. На банкнотата од 20 американски долари што била исфрлена една година подоцна, ќе видите приказ на срушени кули.

Сепак, Филдс не е првиот што се обидел да ја застапува оваа теорија … Имало луѓе кои претходно сториле обид да објаснат како трагедијата била објавена однапред на доларите. Она што загрижува е фактот дека банкнотата од 20 долари, покрај уништувањето на Близначките, предвидува и нешто друго – вирусот корона.

Во еден момент, Филдс ја преклопува банкнота од 20 долари на поинаков начин и објаснува како претседателот Ендру Џексон изгледа како да носи маска …