Од повеќе ејакулација глава не боли | Еве колку точно оргазми се потребни секој месец за мажот да биде здрав

1145

„Овие наоди даваат дополнителен доказ за придобивките од почестата ејакулација во зрелоста“, велат авторите на студијата.

Според научниците од Харвард, мажите треба да ејакулираат најмалку 21 пати месечно за да го намалат ризикот од рак на простата, пишува Men’s Health.

За студијата, објавена во списанието “European Urology”, 31.925 мажи пријавиле просечна месечна фреквенција на ејакулација. Истражувачите откриле дека мажите кои почесто ејакулираат ги намалуваат шансите за развој на рак на простата за една третина.

„Проценивме дали фреквенцијата на ејакулација во зрелата возраст е поврзана со ризикот од рак на простата во голема студија во Соединетите Држави. Откривме дека мажите кои пријавиле почести ејакулации во зрела возраст имаат помала веројатност добијат рак на простата, во споредба со помала фреквенција на ејакулација“, напишале авторите на студијата.

„Овие наоди даваат дополнителни докази за придобивките од почестата ејакулација за време на зрелоста“, додаваат тие.

Придобивките од честа ејакулација

Намалените шанси за рак на простата не е единствената предност на почестата ејакулација. Имено, откриено е дека драстично го намалува стресот и анксиозноста.

„Покрај намаленото чувство на болка, лачењето на ендорфин доведува до чувство на еуфорија, модулирање на апетитот, ослободување на полови хормони и подобрување на имунолошкиот одговор“, велат од Medicine Net.

Исто така, познато е дека ејакулацијата помага при спиење бидејќи телото ослободува хормони како пролактин и окситоцин кои ги прават мажите поспани и подготвени за одмор.

Значи, ако не ејакулирате редовно, навистина не се грижите за вашето здравје.