Што жените бараат од мажите во кревет

599

Дали сакаат груб секс или романтично водење љубов со свеќи? Секако сите сме различни и не возбудуваат различни работи, така иако не постои дефинитивен одговор, сепак прочитајте што во анкета на таа тема одговорија преку 1000 жени

Дамите сепак се сложија во едно, дека сакаат мажите нежно и полека да ги соблекуваат. Според нив поентата не е во самото соблекување, туку во возбудата нивните партнери да им посветат доволно внимание додека од нив ги тргаат дел по дел парчињата облека. Што значи дека девојките не сакаат на брзина да се “фрлите на работата“ туку тоа навистина тоа да го сакате.

Исто така сакаат понекогаш да им ја препуштите контролата, односно тие да го одредуваат темпото и да ја водат “играта“. Иако повеќето учеснички на ова истражување, кое го спроведе сајтот “yourtango.com“,изјавија дека не уживаат во садо-мазо сексот, сепак 53% од испитаничките изјавија дека сакаат сексуално искуство во кое нивниот партнер на некој начин ќе биде “подреден“. За околу 9 посто од жените, доволно е само да се биде “горе“ за да се чувствуваат како да ги имаат конците во своја рака. Нормално имајте на ум дека понекогаш е потребно и вие да ја превземете контролата.

Некои девојки имаат и малку необични желби, па така многу од нив уживаат во играњето секси улоги а повеќето ги возбудува кога ќе видат мажи во униформа. Дамите изјавија дека секси улогите и фантазиите се само ново искуство кое им помага да се опуштат и потполно уживаат.

Промена на темпото. Доколку темпото во текот на сексот е цело време е исто, девојките сметаат дека мажите се само физички присутни а не и психички. Затоа сакаат во текот на целата “акција“ мажите да ги допираат, љубат, да менуваат темпо т.е да докажат дека навистина се трудат и дека се потполно присутни.

Повеќето жени уживаат во предиграта и едноставно не можат веднаш да ја започнат “играта“. Постојат различни начини да ја “разгорите“ имагинацијата надвор од спалната соба: безобразни зборови, секси масажа, заедничко туширање…..Се со што би и ставиле до знаење дека ја посакувате.

За крај уште една работа која не е и помалку важна – секоја жена посакува бакнежи, многу бакнежи . Затоа препуштете се на имагинацијата и двајцата ќе уживате. Обрнете внимание и на деловите на телото кои често знаат да бидат занемарени – грб, раце, бутови…..Во секој случај, по нејзините реакции ќе препознаете дали сте се упатиле на вистинското место.