Постојат многу фактори кои можат да влијаат на парфемот тој да го промени квалитетот и мирисот.
Парфемските водички треба да се чуваат на адекватни места ако сакате да ви траат.
Она што можеби не сте го знаеле , а има врска со вашите омилени мирисни водички е местото каде никако не треба да ги држите.
Експертот за парфеми Марлен Харисон истакнува дека причините поради кои парфемите не треба да се држат во бањата се топлината и влажноста. Тие влијаат на маслата кои ги содржи парфемот така што ги „разбиваат„ што го менува мирисот и квалитетот на производот во потполност.
Секако подобро решение е парфемите да ги чувате на некое друго место како што е спалната соба.
Разлики помеѓу мирисните водички
Постојано се поставува прашањето што всушност значат ознаките на шишенцата мириси и која е разликата помеѓу парфемот и колонската вода.
Разликата помеѓу нив е во интензитетот на мирисот, односно количината на мирисните масла кои ги содржат.
Така што парфемските масла кои се всушност есенција , содржат најмногу масла и поради тоа и цените на ваквите производи се исклучително високи.
Чистиот парфем содржи 25 % мирисни масла , тоалетна вода 10 % до 15% , а најмала концентрација на масло е во колонските води околу 3%.