Тоа доаѓа со канализирање на дневниот стрес – 35 деца во паралелка за кои треба да се грижиш, кои треба да ги запознаеш, да ги разбереш, да најдеш соодветен пристап кон сите, да воспоставиш врска со сите и да ги научиш нешто.
За да успее во тоа, мора да биде многу концентрирана, многу смирена, свесна и присутна – и на крај несебична. За да опфати толку многу деца со таква грижа, добар учител мора да го “раздели” своето его и надвор од крајните граници.
Таа го поддржува секое дете и го сака, а ако некое сака малку повеќе од другите, никој за тоа не ѝ забележува. Таа е модел, пример, ментор, некој кого децата го обожуваат и паметат цел живот и таа е свесна за нејзиното влијание врз нив. А за тоа е потребна вистинска самодоверба и пожртвуваност.
Работата со децата влијае на целиот нејзин живот, таа ја восхитува и ја одржува витална и љубопитна – таа постојано учи. Таа ја сака својата работа и покрај тоа што нејзината работа ѝ е често поважна од личниот живот, исполнета е и реализирана и воопшто не очекува некој да ѝ изрази благодарност, односно да ѝ врачи специјална награда за нејзината работа. Таа се дава и резултатите од нејзината работа ги гледа на искрените лица на децата, во нивните отворени срца, заради што таа е подобра личност отколку што би била работејќи некоја друга работа.
И што значи тоа за тебе, среќник кого прифатила како свој партнер, свој човек, своја љубов?
Ти го добиваш изграденото лице, со највисоки вредности и принципи. Доследна, грижлива, лојална и посветена. Таа природно те става пред неа, таа е на твоја страна апсолутно и никогаш нема да престане да верува во тебе, да те инспирира и да те мотивира. Таа е програмирана никогаш да не се откаже од луѓето, секогаш да ја гледа приликата, можноста, способноста и начинот, таа верува во тебе непоколебливо и навива за тебе со сето свое срце.
Продолжува на страна 2



















