Таа ќе биде одлична мајка, како што е и одличен учител. Кон своето семејство ќе се однесува како кон својата паралелка – промислено, заштитнички, трпеливо, обидувајќи се да ги идентификува сите потенцијали и да ги поттикне сите капацитети за развој и напредок. Таа дава сѐ од себе, секогаш се труди да пронајде најдобро решение, никогаш не бега од проблемите, туку со нив се соочува и настојува да ги објасни и да ги поедностави, така што тие да се разбирливи и решливи. Со неа добивате лице кое ќе ги едуцира вашите деца да бидат најдобрите луѓе, задоволни со себе, способни да го пронајдат своето место во светот и да живеат со исполнети животи.
Таа слуша сè што ќе кажеш, дури и ако тоа го кажуваш со шепотење или само со мрморење. Таа има трпение и емпатија во неверојатни количини и ги извлекува од резерва кога изгледа дека се потрошиле. Таа се носи со многу стресни ситуации.
Таа умее да се релаксира и да се забавува, бидејќи знае колку е важна играта. Таа не е отуѓена од детето во себе, бидејќи секогаш е со децата и знае дека најдобрите ствари се случуваат кога сите се опуштени, слободни и љубопитни. Таа се грижи, но не ограничува, а кога нешто бара, сите ќе се скршат да го направат тоа, бидејќи е чест и привилегија да се успее во задачата која саканата учителка ја поставила.
Ситните нешта кои помагаат кога чувствуваш дека сѐ е против тебе
Ти ја одбираш личноста која е најдобрата верзија за тебе и со неа и самиот ќе станеш најдобрата верзија за себе. Таа ќе влијае на твојот живот на најдобар можен начин, ќе биде твојата сила и поддршка, топлина и нежност, и секогаш ќе можеш да сметаш на неа.
За возврат, потребно е само со задоволство да сакаш да бидеш тука – да ги прифатиш нејзините вредности и приоритети, да не се бунтуваш ако таа го презема водството, бидејќи тоа го прави толку спонтано, само затоа што навистина знае најдобар начин со некои работи да излезе на крај. Потребно е да ѝ веруваш и да ѝ се препуштиш, а таа, довербата никогаш нема да ја издаде, и никогаш нема да погрешиш ако направиш онака како што ти сугерира – ќе се увериш во тоа.
Таа е најдобар тип на човек, оној кој никогаш не губи верба во себе и која никогаш нема да престане да верува во најдоброто во луѓето – во тебе, себе и сите други.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















