Сите знаат дека мажите и жените се разликуваат. Меѓутоа, ако го погледнеме светот од машки аспект, за нив, сѐ е поприлично едноставно..
Сè е толку едноставно и лесно. Или не е?
Затоа, секој маж со задоволство би ѝ објаснил на својата сакана како светот изгледа од негова перспектива и притоа би ѝ дал до знаење што со задоволство би менувал во нејзината слика на светот.
Така, на пример, мажите би сакале кога жените би сфатиле дека сѐ во животот има своја логична страна (освен понекогаш, се разбира), бидејќи тоа е начинот на кој тие донесуваат одлуки. Жените во процесот на донесување одлуки вклучуваат фактори кои се незамисливи за мажите, па така доаѓа до недоразбирање.
Емоциите се една од работите кои мажите би сакале да ги има помалку, како и озборувањето. Треба ли да се зема сѐ на срце и притоа да се биде толку експресивен? Ако ги прашате мажите, одговорот е “не”.
Исто така, ако интензивно покажувате дека ви е гајле за нешто, како жените, тоа не значи дека во тоа сте посилно вклучени или дека е тоа машко размислување – логично и без многу емоции – помалку квалитетно и важно. Мажите сакаат кога нивните сакани почнуваат да го доживуваат животот малку полежерно и без прекумерни реакции.
Смислата за хумор е една од главните карактеристики на жените кои неодоливо ги привлекуваат мажите, па и тоа дека сте во состојба да прифатите шега на своја сметка, велат мажите.
На крај, малку повеќе реалност не би било на штета. Да, секоја жена има своја визија за врската и бракот, но понекогаш замоците во воздухот треба да им биде дозволено да се расплинат и да застанат со двете нозе на земја.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















