Научници оживеале “водена мечка” замрзната 30 години

500

Јапонскиот национален Институт објави дека оваа “водена мечка” била оживеана за прв пат после 1983-та година, откако била земена како примерок од Антартикот.

Водената мечка е голема околу еден милиметар, а може да живее на места со доста непријателски услови. Спаѓа во малата група безрбетници кои живеат на дното на слатките води како и во мал број мориња. Способни се да го забавуваат па дури и да ги затворат метаболичките активности на подолг временски период.

Според истражувачите, најдени се на Антартикот 1983-та годиан, од каде што се земени и замрзнати на -20 степени Целзиусови. После 30 години јајцата и ова животно се успешно вратени во живот.

Инаку, водената мечка се смета за единствено животно кое може да преживее во вселената.

Неговото тело е покриено со обвивка поделена во четири сегменти, има осум нозе со канџи на врвот.

Почнувајќи од 2007 година, овие суштества со должина од 0,5 до 1,5 мм се испраќаат до вселенската станица, заедно со други т.н. „екстремофили“ или суштества способни да ги преживеат во екстремни услови. Но, заклучокот е дека само необичните „мечиња“ преживуваат благодарение на способноста реверзибилно да го забават својот метаболизам и да останат во дехидрирана состојба, позната како криптобиоза.

Доколку нема нормални услови за живот, метаболизмот на водените мечки забавува до помалку од 0.01 % од нормалното и останува во таа положба се додека условите не се подобрат.