За време на грабеж на банка во Цирих, во срцето на Швајцарија, разбојникот при влез им се развикал на сите во банка:
– “Сите долу на под и молчете! Парите ѝ припаѓаат на државата, но твојот живот ти припаѓа само тебе”.
Сите во банката во најголема тишина легнале на подот.
Ова се нарекува “КОНЦЕПТ ПРОМЕНА НА РАЗМИСЛУВАЊЕ”. Тоа е промена во конвенционалниот начин на размислување кај луѓето.
Една госпоѓа многу провокативно лежегнала на масата, но крадецот и на неа и се развикал:
– “Те молам, биди цивилизирана. Ова е грабеж, а не силување!”
Ова се вика “ДА СЕ БИДЕ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ”. Фокусот е ставен само на она за што сте обучени да правите.
Кога разбојниците се вратиле дома, младиот разбојник (обучен МБА) му рекол на постариот арамија (кој завршил само 6 одделение):
– “Голем брату, ајде да броиме колку пари имаме?”
Постариот разбојник категорично го одбил велејќи:
– “Ти си многу глуп. Имаме толку многу пари што ќе ни требаат 3 дена да ги изброиме. Вечерва кога ќе го вклучиме телевизорот, на вести ќе ни кажат колку сме земале од банката!”
Тоа се вика „ИСКУСТВО“. Денеска искуството е поважно од дипломата и стекнатото знаење.
Додека разбојниците биле во бегство, менаџерот на банката му рекол на супервизорот веднаш да повика полиција. Но, супервизорот му одговорил:
– “Чекај! Ајде да ги земеме првите 10$ милиони долари од банката за себе, и да ги додадеме на оние 70$ милиони долари што претходно ги испразнивме од банката!”.
Ова се вика “ПЛИВАЈТЕ СО ПЛИМАТА”. Тоа е конверзија на неповолна ситуација во сопствена корист!
По кратко размислување супервизорот додаде:
– “Добро би било вака да не пљачкаат секој месец”.
Ова се вика “УБИВАЊЕ НА ДОСАДА”. Личната среќа е поважна од работата што ја работите.
Следниот ден, на вестите објавиле дека 100$ милиони долари биле ограбени од банката. Разбојниците броеле, броеле и сметале, но не можеле да избројат повеќе од 20$ милиони долари.
Биле многу лути и разочарани:
– “Ги ризикувавме нашите животи, а добивме само 20$ милиони долари. Директорот на банката скришум земал 80$ милиони долари со врвовите на своите прсти. Ми се чини дека би било подобро да бевме образовани отколку што станавме разбојници!”
Ова се вика “ЗНАЕЊЕТО Е ВРЕДНО КОЛКУ И САМОТО ЗЛАТО!”
Менаџерот на банката бил насмеан и среќен затоа што своите загуби на пазарот сега ќе ги покрие со овој грабеж.
Ова се вика “ИСКОРИСТИЈА ПРИЛИКАТА”.
Имено, кои се вистинските разбојници во оваа приказна?
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















