Како да се намали загадувањето на животната средина, како да се забават климатските промени, како да се зачуваат природните ресурси за наредните генерации се задачи за секој поединец.
Секоја година ширум светот се одбележуваат датуми кои се значајни за планетата Земја, кои имаат за цел да потсетат на важноста од чистата вода и воздухот, разновидноста на флората и фауната, плодноста и придобивките од природните ресурси, кои не се неисцрпен ресурс и за кои човекот мора да се грижи.
26 јануари – Светски ден на образованието за заштитата на животната средина
Познавањето на тоа како функционира нашиот екосистем, како секоја личност може да придонесе за одржлив развој и како да се справиме со претстојните климатски промени за да ја спасиме планетата, стана дел од образованата програма, која ја учат учениците од своите најмлади денови. Светскиот ден на образованието за заштитата на животната средина се одбележува од 1972. година со цел да се подигне свеста и со знаењето да се спаси планетата за генерациите кои доашѓаат.
02 февруари – Светски ден на мочуриштата
Овој датум од 1997. година е дел од еколошките календари, а од тогаш, секоја година преку разни семинари, предавања, игри за деца и уметнички натпревари, се одбележува Денот на мочуриштата. Се верува дека во светот има околу 90.000 мочуришта, од кои најпознато и најголемо е Пантанал во западен Бразил, и е голема туристичка атракција. Повеќе за Светскиот ден на мочуриштата можете да најдете на www.ramsar.org.
05 март – Светски ден на енергетска ефикасност
Потребата за рециклирање, употребата на обновливи и чисти извори на енергија, како и концептот на одржлив развој денес се се повеќе застапени заради желбата за зачувување на животната средина. Енергетска ефикасност, односно заштеда и паметна употреба на енергијата за да се спречи глобалното затоплување е нешто во што секој поединец може да придонесе. На пример, исклучете ја светлината во просториите во кои не престојувате, заменете ги обичните светилки со штедливи, исклучете ги уредите кои не ги користите.
21 март – Светски ден на шумите
Меѓународниот ден на шумите се слави веќе три децении низ целиот свет, а овој датум е избран затоа што тогаш е есенската рамноденица на јужната хемисфера и пролетната рамноденица на северната хемисфера. Шумите се, исто така, многу важни за нас како засолниште, суровина, а исто така, нѝ даваат чист воздух и вода. И покрај својата важност, деградацијата и уништувањето на шумите се зголемува.
22 март – Светски ден на водата
Од 1993. година се слави Светскиот ден на водите, а овој датум првпат е предложен во Агендата 21 во Рио Де Жанеиро, а веќе неколку години традиционално се избегнува користењето на таканаречената вода „чешмовача“. Водата покрива две третини од површината на земјата, но помалку од 1% може да се пие. Водата за пиење се обновува само преку снег и дожд, а следната деценија е посветена на заштита и зачувување на водата и е означена како “Декада на водите за живот”.
Продолжува на страна 2