Чај од кората на калинката

2749

Некои луѓе ги обожуваат киселестите плодови на калинката, а потоа ја фрлаат и кората на плодот.

Тоа е огромна грешка и најверојатно откако ќе го прочитате овој текст нема да ја фрлате кората.

Кората на калинката е корисна за здравјето, а би можеле да се искористи за да се направ чај.

Еве за што може да ви биде од корист чајот од кора од калинка:

Против срцеви болести

Кората на овој плод е исклучително богата со антиоксиданси, кои се борат против болестите на кардиоваскуларниот систем.

Извонредно богати се со витамин Ц

Корите од калинка се исклучително богати со витамин Ц, кој е составен дел на здравиот режим на исхраната. Помага кај дигестивниот систем. Придобивките од овој витамин за здравјето навистина се многу.

Го зајакнува имунолошкиот систем и срцевиот мускул, а освен тоа ги спречува пренаталните здравствени компликации. Истиот витамин е и одлично средство против брчки и ги намалува значително шансите за појава на очни болести.

Корите од калинката содржат доволно количество витамин Ц, што го реновираат целосно организам.

Помага дигестивниот систем

Корите од калинката се во состојба да ги уништат штетните клетки кои се наоѓаат во дигестивниот тракт. Токму поради оваа причина тие се како идеално средство за лекување на салмонела, дијареа, чиреви на жолчката и различни форми колитис.

Ефективна форма за прочистување

Корите од калинката се исклучителни во однос на целосната детоксикација на организмот. За да си приготвите чајот од кора од калинка, потребни се 20 делови вода и 1 дел сушени кори од плодот. Корите се ставаат во празна чаша и се мешаат со топла вода.

10 гр. сушени кори од калинка се доволни за една чаша чај од 200 мл.

Покријте го садот и оставете да отстои 25-30 минути. Потоа пијте чај, без да цедите.